Речник на древни зборови во творештвото на Светлана Христова Јоциќ
Author:
Љубинка Донева
Publisher:
Македоника |
Language:
Македонски |
Year:
2011
Original title:
Речник на древни зборови во творештвото на Светлана Христова Јоциќ |
Num. of pages:
156 |
Dimensions:
240х170
|
Cover:
/
Како ретко кој македонски автор во македонската литература, Светлана Христова Јоциќ употребува ретка, архаична, односно древна лексика и на тој начин, како ретко кој автор, таа го возобновува значењето на старите и подзаборавени зборови, им дава лирско значење и лирска боја. Ги негува и ги применува во уметничката литература, но истовремено во духот на таа лексика создава неологизми. Таквите зборови во творештвото на Светлана Христова Јоциќ (архаизмите, дијалектизмите, турцизмите, неологизмите...) ги има во огромен фонд – доволен за посебен речник.
Секој збор си има своја етимологија, историја, семантика – но и форма и контекст што му ги дава авторката, а тие се објаснети, толкувани и според лексикографската методологија сместени во овој речник. Оваа книга, напишана врз лексички и поетолошки интерпретации на старите зборови во поезијата на С. Х. Јоциќ, е единствена (прва) од овој вид во македонската литература.
Reviews
There are no reviews yet.