Чекајќи го Годо

Издавач: Магор | Јазик: Македонски | Година: 2013
Оригинален наслов: Чекајќи го Годо | Бр. на страни: 152 | Димензии: 145x200 | Корица: тврда

Првата изведба на драмата Чекајќи го Годо во 1953 година го означува раѓањетона новиот правец во драмската уметност познат како театар на апсурдот. Станува збор за драмски текст што изврши извонредно силно влијание во уметноста од втората половина на XX век, давајќи совршен драмски израз на чувството на апсурдност во современиот свет. Основата на драмата е чекањето, очекувањето. Двата главни ликови кои изгледаат како бездомници, Владимир и Естрагон, го чекаат оној што е именуван како Годо. Во таа состојба на чекање сè се сведува на пополнување на времето. Иако, всушност, ништо не се случува, тоа недејство е исполнето со придушена нелагодност и неодредена закана, закана од непознатото, од кое ликовите стравуваат, но едновремено и посакуваат да се случи. Чекањето подразбира пасивност. Но таа пасивност е многу сложена и на физичко и на психолошко ниво. Како и егзистенцијалистичкиот очај кој е некогаш притаен, некогаш отворен, и психолошкото измачување насочено кон другиот лик е некогаш притаено, некогаш отворено, а често добива и форма на рамнодушност. Чекајќи го Годо останува една од најмагичните и најдобри алегории за нашето време.

Цена: 250 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Магор

Report an abuse for product Чекајќи го Годо

Категорија:
ИСБН: 978-608-223-216-4

Questions and Answers

You are not logged in