За сите мои краеви
Автор:
Александар Крстев
Издавач:
Издавачки центар ТРИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2013
Оригинален наслов:
За сите мои краеви |
Бр. на страни:
92 |
Димензии:
125х195
|
Корица:
/
„Денес никој не сака да се исповеда, најмалку за љубовта – Крстев сака. Денес никој не сака да зборува за болките и лузните што љубовта ги остава, туку сака да ги заборави. Александар Крстев – не. Тој сака и да зборува и да не ги заборави болните лузни. Тој едноставно, го живее еротизмот на светот низ најинтимни слики кои без скрупули им ги покажува на другите. Таква писателска смелост и чесност кон себеси и сопствените чувства одамна немам видено. Во име на таа невиност на перцепцијата и интимата на јазичниот чин, го поздравувам ова литературно првенче и допрва очекувам името Александар Крстев да стане дел од номенклатурата на убавите вредности на современата македонска литература.“ Венко Андоновски
Оценки
Сѐ уште нема оценки.