Македонија и балканскиот проблем

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2013
Оригинален наслов: Македонија и балканскиот проблем | Бр. на страни: 220 | Димензии: 240х170 | Корица: мека

Во „Маке­донија и балканскиот проблем“ се содржани три брошури на Шатев – историографски трудови, што првпат ѝ се понудени на македонската јавност, преведени од бугарски на македонски јазик. Два од нив се пишувани во Бугарија меѓу двете светски војни и за време на Втора­та светска војна, вториот за време на Втората светска војна, а третиот, според којшто е парафразиран насло­вот на овој том, е пишуван веднаш по ослободувањето на Македо­нија. Неговите историографски брошури се полни со анализи, раз­мис­лувања и констатации за македонските револуционерни и поли­тички состојби, за состојбите и политиките на балканските држави кон Македонија и на политиките на големите сили кон Балканот и Македонија. Богатството на податоци, опсервации, информации, статистики и цитирани светски, европски и балкански научници од сите области, импресивно сведочи за интелектот на авторот и за неговите познавања за вкупните економски, историски и политички состојби во светот, Европа и на Балканот.

Во првиот историографски труд: „Националните малцинства и самоопределувањето на народите – Трагедијата на Балканот“, пишуван во 1936 година, Павел Шатев ги опсервира политичките, економските и стопанските состојбите во Европа и на Балканот по Првата светска војна, со особена нагласка на националното праша­ње на малцинствата и на нивното право на самоопределување.

Во брошурата „Колонијалното прашање и сегашната војна“ Павел Шатев го разработува колонијалното прашање, што според него, покрај националното прашање е од првостепено значење, а неговото разрешување постепено се усложнува бидејќи негов сопатник е империјализмот.

Третата брошура „Балканскиот проблем и Македонија“, пишу­вана веќе во ослободена и Демократска Федерална Македонија, всушност, претставува реферат, што Шатев го изложил во хотелот „Славјанска беседа“ во Софија, на 8 септември 1945 година, на тема „Балканскиот проблем и Македонија“.

Цена: 400 ден

4 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Македонија и балканскиот проблем

Категорија:
ИСБН: 978-608-4614-42-5

Questions and Answers

You are not logged in