Македонија и балканскиот проблем
Author:
Павел Шатев
Publisher:
Македоника |
Language:
Македонски |
Year:
2013
Original title:
Македонија и балканскиот проблем |
Num. of pages:
220 |
Dimensions:
240х170
|
Cover:
мека
Во „Македонија и балканскиот проблем“ се содржани три брошури на Шатев – историографски трудови, што првпат ѝ се понудени на македонската јавност, преведени од бугарски на македонски јазик. Два од нив се пишувани во Бугарија меѓу двете светски војни и за време на Втората светска војна, вториот за време на Втората светска војна, а третиот, според којшто е парафразиран насловот на овој том, е пишуван веднаш по ослободувањето на Македонија. Неговите историографски брошури се полни со анализи, размислувања и констатации за македонските револуционерни и политички состојби, за состојбите и политиките на балканските држави кон Македонија и на политиките на големите сили кон Балканот и Македонија. Богатството на податоци, опсервации, информации, статистики и цитирани светски, европски и балкански научници од сите области, импресивно сведочи за интелектот на авторот и за неговите познавања за вкупните економски, историски и политички состојби во светот, Европа и на Балканот.
Во првиот историографски труд: „Националните малцинства и самоопределувањето на народите – Трагедијата на Балканот“, пишуван во 1936 година, Павел Шатев ги опсервира политичките, економските и стопанските состојбите во Европа и на Балканот по Првата светска војна, со особена нагласка на националното прашање на малцинствата и на нивното право на самоопределување.
Во брошурата „Колонијалното прашање и сегашната војна“ Павел Шатев го разработува колонијалното прашање, што според него, покрај националното прашање е од првостепено значење, а неговото разрешување постепено се усложнува бидејќи негов сопатник е империјализмот.
Третата брошура „Балканскиот проблем и Македонија“, пишувана веќе во ослободена и Демократска Федерална Македонија, всушност, претставува реферат, што Шатев го изложил во хотелот „Славјанска беседа“ во Софија, на 8 септември 1945 година, на тема „Балканскиот проблем и Македонија“.
Questions and Answers
You are not logged in