Последни ДВА ДЕНА ПОПУСТИ на КупиКнига.мк!
Изминатиов месец јули, беше месецот на летните попусти на КупиКнига.мк!
Сите љубителни на пишаниот збор имаа можност да си купат книга на ПОПУСТ!
Имате можност да бидете дел од оваа јулска приказна и да искористите попуст уште ДВА ДЕНА!
Ви ги препорачуваме најбараните дела месецов на ПОПУСТ:
-
Нултиот час 40% ПОПУСТ!
-
Со љубов од Париз 10% ПОПУСТ!
Кога новиот дечко Џек ја остава на аеродромот, Руби Милер ги брише солзите и си купува карта за Париз. Во Париз посетува еден стар пријател, сакајќи да направи пауза. Но, градот на љубовта има сосема други идеи.
Во еден стан каде што и времето застанало, Руби ќе пронајде пакет со изгубени љубовни писма кои ќе ја заробат во една мистерија која трае повеќе од седумдесет години. Кој е авторот на писмата? Зошто сопственикот на станот ги затворил ролетните и избегал од Париз пред војната и никогаш не се вратил? Каква тајна се крие?
Додека мистеријата се продлабочува, животот на Руби се враќа во нормала, а духовите од минатото и љубовната афера нема да можат да ја загрозат.
Од најпродаваниот автор на МОЈОТ ГОСПОДИН СОВРШЕН, овoj магичен роман е за секоја девојка која некогаш ја сонувала блескавата светлина на Париз и љубовта која трае цел живот…
-
Тотем и табу 20% ПОПУСТ!
Книга во која е направен обид првобитната смисла на тотемизмот да се разгатне преку неговите инфантилни траги. Во книгата ќе прочитате за потеклото на сите наши стравови, предрасуди, навики и копнежи во животот. Но, ќе прочитате и за тоа зошто секој маж ги сака сите жени на светот – ама само за себе.
-
Фантомот од Операта 30% ПОПУСТ!
Еден од највпечатливите аспекти на овој роман е карактерот Ерик, фантомот лично. Тој е човек кој истовремено се презира и сожалува. Портретот на Леру за ова суштество, чии мотиви се себични и сурови, а сепак толку лукави, прави читателот без оглед на сè да сочувствува со него. Ерик станува икона на хорор литературата и хорор филмовите. Верувањето на Леру дека такво суштество вистина живеело се пренесува низ целиот роман. Во неговиот предговор тој тврди: „Фантомот од Операта навистина постоел. Не бил, како што долго време се верувало, креација на имагинацијата.“
Романот доживеа серија обработки – филмски, театарски и оперски изведби.
-
Мртви души 50% ПОПУСТ!
Дел од „златниот фонд“ на руската книжевност, „Мртви души“ третира низа идеи и проблеми што стануваат сè поактуелни – и не само во средини како нашата. Цитатите од книгата се широко распространети уште во XIX век, а и ден-денес нејзината содржина нѐ изненадува со својата современост и извонреден хумор.