10 минути и 38 секунди во овој чуден свет
Автор:
Елиф Шафак
Издавач:
Издавачки центар ТРИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2019
Оригинален наслов:
10 minutes 38 seconds in this strange world |
Бр. на страни:
316 |
Димензии:
21
|
Корица:
мека
Што ако по смртта човековиот ум продолжува да работи уште неколку скапоцени минути? Или, поточно, десет минути и триесет и осум секунди... За Леила секоја минута по нејзината смрт ѝ навраќа спомени: семејната тајна за нејзиното раѓање; детството во мирното турско гратче; вкусот на манџата направена од месото на козата што татко ѝ ја жртвува за да го прослави раѓањето на долгоочекуваниот син; бегството во Истанбул за да го избегне несаканиот брак; вкусот на чоколадните бонбони што ги јаде со згодниот студент во борделот во кој работи... Секој спомен ја потсетува и на пријателите што ги запознала во клучните мигови од својот живот ‒ пријатели кои сега очајно се обидуваат да ја најдат... „Очекувајте енергични, сликовити описи што ќе ви ги отворат очите за животот на Средниот Исток проткаени низ трогателната приказна раскажана во препознатливиот, прекрасен стил на Шафак.“ Венити фер „Шафак е страстно посветена на уривање на бариерите, без разлика дали станува збор за пол, раса, националност, култура или оние помистичните.“ Сандеј тајмс
1 оценка за 10 минути и 38 секунди во овој чуден свет
Questions and Answers
You are not logged in
Слаѓан –
Прекрасна, сите од Елиф се неверојатни 🙂