100.000 ПОЕТИ ЗА ПРОМЕНА
Автор:
Митко Гогов
Издавач:
КСЦ/Полица |
Јазик:
Македонски |
Година:
2016
Оригинален наслов:
100.000 ПОЕТИ ЗА ПРОМЕНА |
Бр. на страни:
100 |
Димензии:
20
|
Корица:
мека
Темите кои се најчеста инспирација за авторите и поетите вклучени во ова движење обработуваат содржини од општествениот и социјален живот, мирот, одржливоста, природните ресурси, заштита на планетата Земја. Проблемите поврзани со глобалното затоплување, природните промени, со содржината на ранливите групи, желбата за поубав свет и подобро утре! Преку овој проект се согледува дали поезијата и пишаниот збор се доволно моќни да направат позитивна промена во државата, промена во начинот на размислување, односот на луѓето, обидот да се инспирираат и мотивираат луѓето за барем минимална промена. Да се промени гледиштето на светот со зборови, мисли, активистичка поезија, социјална, општествена опсервација на моментални состојби на умот и телото, размислувања и разговори со самите себе, внатрешни промени наспроти големата слика. Од околу 220 автори кои се вклучија на конкурсот, во зборникот по претходна селекција се застапени 60 автори, меѓу кои Звонко Танески, Марина Мијаковска, Стефан Марковски, Михајло Свидерски, Драгана Евтимова, Исток Улчар, Моника Стојановска, Гаврило Миловановиќ, Биљана Стојановска, Стефанов Стевчо, Славица П. Диневска, Мартин Богатиноски, Славица Гаџова Свидерска, Д.А. Лори, Јовица Ивановски, Горана Митровиќ, Тихомир Јанчовски, Николина Андова Шопова, Ѓоко Здравески, Ана Голејшка, Иван Шопов, Викторија Мирческа, Андреј Ал-Асади, Мануела Златкова… Ова глобално движење кое служи за подигање на свеста кај граѓаните за секојдневните проблеми со кои се соочуваме секојдневно, поети имаат единствена можност преку сопствената ангажирана поезија да проговорат за сите овие проблеми. Стиховите ослободуваат посебно кога во нив имаат силна порака!
Questions and Answers
You are not logged in