Албанскиот проблем во Југославија по Тито (1980-1990)

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: Албанският проблем в Югославия след Тито | Бр. на страни: 256 | Димензии: 26 | Корица: /

Во оваа книга се разгледува и се оценува турбулентниот период меѓу два важни историски настана: смртта на Тито и почетокот на посттитовскиот период кога се појавија сериозни знаци на распаѓање на Југославија (растечки економски тешкотии; ослабена политичка будност итн.), и XIV вонреден конгрес на СКЈ, кога се создаваат објективни услови за реално распаѓање на државата. Во овој контекст, албанскиот фактор зазема особено важно место за иднината на југословенската федерација во судбоносните 80-ти години на минатиот век. Научноистражувачкиот интерес на авторката за албанскиот проблем во Југославија по смртта на Јосип Броз Тито во 1980 година е мотивиран од бурните настани од тоа време согледани од историска временска дистанција. Маријана Стамова разгледувањето на темата на книгата го започнува со состојбите и општествениот контекст во 70-тите години на минатиот век кога почнува да се изострува албанското прашање во југословенската федерација, анализирајќи ги историските корени на овој проблем и пред сè уставното уредување на југословенската федерација. Таа детално ги согледува сите позначајни судири и манифестации на албанскиот и на српскиот национализам, дејствувањето на партиските и државните структури во Србија, покраината, федерацијата, но и нивното влијание во еден поширок контекст – во другите републики во федерацијата. Согледан и е албанскиот проблем во Македонија во тој период. Оваа студија на Стамова се потпира на богата фактографија, користена од голем број библиографски и архивски извори. Бидејќи во неа е темелно елаборирана политичката состојба на тогашна Југославија во период од една деценија во која всушност се менуваат, заоструваат и преуредуваат и односите во самата федерација и односите меѓу федералните единици, оваа книга на Маријана Стамова истовремено претставува и своевидна историја на распаѓањето на Југославија.

Цена: 400 ден

6 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Албанскиот проблем во Југославија по Тито (1980-1990)

Категории: ,
ИСБН: 978-608-252-147-3

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Албанскиот проблем во Југославија по Тито (1980-1990)”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in