Александар III Македонски во македонската книжевност

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2016
Оригинален наслов: Александар III Македонски во македонската книжевност | Бр. на страни: 315 | Димензии: 240х170 | Корица: /

Книгата претставува обемна, темелна и детална книжевно-научна и историографска студија во која е елаборирана застапеноста на македонскиот крал Александар III Македонски во македонските книжевни дела како лик (но и како лирски субјект во поезијата). Книгата е конципирана во четири дела. Во првиот дел е извршен преглед на историските настани од времето на Александар Македонски, односно од 4 век пр. н.е., при што е даден и еден детален опис на освојувачкиот поход на Александар во Египет и на азискиот континент. Во овој дел авторот се покажува и како компетентен проследувач на македонската античка историја, при што „полемизира“, демистифицира или ревидира веќе востановени гледишта во македонската историографија. Тој пишува за многуте отворени прашања поврзани со историјата на античка Македонија кои долго време се тема за полемизирање меѓу истори­чарите. Младеноски, кој докторираше на тема за ликот на Александар Македонски како интерактивен код на културите во македонската книжевност, во оваа своја студија изнесува мошне смели сознанија и тези, со кои аргументирано оспорува некои сознанија, тези и востановена терминологија на досегашната македонска историографија за овој период. Вториот дел од студијата се понудени теориските алатки со чија помош се врши интерпретацијата на македонските книжевни дела во кои е присутен Александар Македонски. Во третиот и најобемен дел е извршена екстензивна анализа на застапеноста на Александар III Македонски во македонската литература, и тоа во сите нејзини области: народна литература, средновековна литература, македонската литература во 19 век, македонската литература во 20 век, како и македонската литература од првата деценија на 21 век. Четвртиот дел содржи прилози. Проф. д-р Венко Андоновски, во рецензијата за овој труд на Младеноски, меѓу другото, пишува: – Капитална, екстензивна, но и теориски одлично фунди­рана студија која го расветлува ликот на Александар Македонски од историски, теориски (наратолошки и културолошки) аспект, но дава и детален преглед на појавата на овој лик во македонската книжевност во дијахро­ниска смисла од македонската народна, преку македонската средно­вековна книжевност, македонскиот деветнаесетти книжевен век, сè до најновите литературни дела од дваесеттиот (дури и од дваесет и првиот!) книжевен век кај Македонците... Книгата ја заслужува оцената – исклучително. Тоа е редок, екстен­зи­вен, методолошки поткрепен труд, труд со огромна интелектуална енер­гија насочена кон преиспитување на „стабилните вистини“ – пишува Андоновски.
Рангирано 5.00 од 5 според 1 рејтингот на корисниците

Цена: 300 ден

9 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Александар III Македонски во македонската книжевност

Категорија:
ИСБН: 978-608-252-012-4

Questions and Answers

You are not logged in