Американски авангардни поети
Автор:
Ален Гинзберг
Издавач:
Магор |
Јазик:
Македонски |
Година:
2015
Оригинален наслов:
Американски авангардни поети |
Бр. на страни:
187 |
Димензии:
20
|
Корица:
/
Иако поетската авангарда во САД не може да се потпре само на тројца автори, сепак овој избор приопштува тројца од нив кои, иако безмалку живеат во исто време, успеале да се наметнат во децениите по Втората светска војна како исклучително оригинални, необични и влијателни автори. Нивното дело го носи белегот и диши во ритамот на промената што најпрвин срамежливо, а потоа како незапирлив бран се раширува од атлантскиот кон пацифичкиот брег на Америка и обратно, раздвижувајќи го хомогениот, стерилен, обезличен и малодушен простор меѓу нив и посадувајќи го семето на бунтот, индивидуалноста, разликата и многугласието во американската култура. Нивниот маргинализиран, но бунтовен, очаен, ироничен глас, нивниот налудничав виј создаден во мрачните, споредни сокаци од мегалополисите на американската „андерграунд“ сцена денес, на почетокот на XXI век, не само што сѐ уште се слуша туку и понатаму е жив и влијателен.
Questions and Answers
You are not logged in