Анализа на глобалната политичка економија

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2010
Оригинален наслов: Analyzing the Global Political Economy | Бр. на страни: 294 | Димензии: 148x233 | Корица: /

Ова издание го карактеризираат:

- надограден, балансиран и аналитички пристап кон глобалната политичка   економија

- концизен поглед врз основите од анализите на политичката економија на глобалната трговија, парите, финансиите и инвестициите

- одлично четиво за сите што се почетници во економијата

- техники и заклучоци од широка палета на академски дисциплини, вклучувајќи меѓународни односи, политички науки, економија, социјологија и историја

- во секое поглавје се вметнати дополнителна литература и корисни интернет-страници што содржат широк спектар клучни извори на информации.

Двајцата автори, Ендру Волтер и Готам Сен, доаѓаат од Лондонската школа за економија и за политички науки. Ендру е со специјалност за меѓународните односи, а Готам е консултант во областа на политичките ризици. Тие го организирале текстот на начин што ги спојува критичните области од меѓународната политичка економија, притоа прикажувајќи ги најдобрите резултати од економските анализи и пристапот од аспект на политичките науки. Го поддржуваат ставот дека во меѓународната политичка економија треба повеќе да се свртиме кон економијата отколку кон политиката, наведувајќи одредени недостатоци од таквиот пристап.
На крајот, може да се заклучи дека оваа книга е концизна и добро напишана.    Авторите, со наведувањето на литература за мултилатералниот трговски систем и со објаснување на трендот за поголема флексибилност на девизниот курс, направиле одлична појдовна основа за понатамошни истражувања со покажување на насоката во која треба да се движиме.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
ekonomija@arslamina.com.

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 990 ден

50 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Анализа на глобалната политичка економија

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-120-8

1 оценка за Анализа на глобалната политичка економија

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in