Антропологот како писател
Каде е границата помеѓу добрата етнографија и книжевноста? Како влијае специфичниот стил на авторите врз конструирањето на автентничноста на нивните истражувања и чувството дека тие навистина биле „таму“ - во културите и помеѓу припадниците на различните народи коишто ги опишуваат? Долго време концентрирајќи се на теренската работа како на нешто што ја дефинира улогата на антропологот, пропуштено е да се анализира начинот на кој се конструираат етнографските „вистини“ низ текстот. Aвторот, низ примерите на значајни антрополози од историјата на оваа дисциплина (Еванс-Причард, Рут Бенедикт, Малиновски, Клод Леви-Строс) се обидува да покаже дека антропологот е (и) писател.
Клифорд Гирц (1926-2006) е еден од највлијателните антрополози на дваесетиот век, претставник на таканаречената симболичка антропологија.
1 оценка за Антропологот како писател
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –