Apocalypse
Автор:
Џабир Мемеди Дерала
Оригинален наслов:
Apocalypse |
Бр. на страни:
84 |
Димензии:
160x230
|
Корица:
/
Зборовите на Џабир Дерала се градски, се шетаат по улиците, се возат во лифтовите, јадат џанк фуд, влегуваат во кафеани, скокаат по шанкот, се одбиваат од флаши и чаши, се пробиваат низ чадот од цигарите, наизменично ве опиваат и трезнат. Тоа се урбани зборови, асфалтирани, црвени од светлата на семафорите и широки ко булеварите, масни од бурекот рано на сабајле, некогаш матни како смог, некогаш заводливи како мини здолништа и деколтеа. Не се тоа лесни зборови, не се голтаат лесно, ви лежат во стомакот како тула и штетни се за црниот дроб, не се за вегетаријанците, антиалкохоличарите, екологистите и будистите. Не се препорачуваат за љубителите на животни и цвеќиња, не се за домаќинки и оние што гледаат собраниски канал. Џабир Дерала нема да ве утеши, тоа не е неговата намера. Нема намера да предупредува, веќе е доцна за тоа. Џабир Дерала не се залага за ништо освен за животот таков каков што е. Тоа и е задача на уметникот, секогаш да биде на страната на животот и за него да сведочи. Задача која никогаш не е лесна и благодарна, но Џабир сака (мора) да ја изврши. Како и многумина пред него, тој е горд на бремето што му е доделено (уметноста секогаш барала одредена доза на мазохизам) и не би се сменил со никого. Мирослав Стојановиќ – Шуки
Оценки
Сѐ уште нема оценки.