Аритмија
Автор:
Делимир Решицки
Издавач:
Антолог |
Јазик:
Македонски |
Година:
2013
Оригинален наслов:
Aritmija |
Бр. на страни:
96 |
Димензии:
10х20
|
Корица:
мека
Само на неделадена одпојавѕвањето во продажба, искористете ја можноста први да ја добиете оваа книга со 25%попустДелимир Решицки е роден 1960 година во Осиек, Хрватска. Студиите по кроатистика ги завршил на Педагошкиот факултет во родниот град. Поезија, проза, книжевна критика и есеи почнал да објавува на почетокот од осумдесеттите во речиси сите важни хрватски списанија за култура и уметност. Соработувал со музичката група „Родерик“, а бил член-текстописец на групата „Галебови“. Преведуван е на многу јазици: германски, англиски, италијански, француски, шведски, шпански, унгарски, полски, словачки, руски, бугарски, словенечки и македонски јазик. Убаво е да се знае дека во ова бесрамно време, утеха може да најдеме во јазикот, во поезијата, во оваа преубава книга, една од најдобрите збирки песни што се имаат појавено во последните неколку години.Дарија Жилиќ Да се даде глас на безгласното, да се вгради во јазикот на поезијата, укажува на фактот дека гласот, гласноста или гласачката машина, зад себе нужно го оставаат пустошот на замолченото, на гробиштата на тишината. Преку својата поезија Решицки му дава тело на овој молк и така го ослободува неговиот поткопувачки потенцијал. Жири на наградата „Горанов венец“
Questions and Answers
You are not logged in