Аутистот и гулабот писмоносец
Автор:
Родан Ал Галиди
Издавач:
ИКОНА |
Јазик:
Македонски |
Година:
2013
Оригинален наслов:
De Autist en de postduif |
Бр. на страни:
156 |
Димензии:
129 x 198
|
Корица:
мека
Тајните се поголеми на помали растојанија. Можеби, првата тајна на Холандија е нејзиното име. Три звука. Холандија или Не, дер, ланд. Таа нискорамнеста земја, која ако се прочита нејзиното име од лево кон десно, не може да се пронајде ни- какво искачување. Но, ако читате од десно кон лево, тогаш, (Недерланд) одеднадеж, од нискорамнеста земја се претвора во земја, во која зборот „да“ нема да го најдете: (Недерланд) или ‘Ланд – земјата, дер – на, Нее – не’. Една од останатите тајни е дека жителите на Холандија купуваат големи и безвучни кревети, но водат љубов на каучот. Тоа е подобро. Секој Холанѓанец има историја на уживање на каучот и, секако, дека некогаш воделе љубов со додворување на кау- чот. Нема време за предигра. Затоа, додворувањето се случува долу на каучот, а не горе на креветот. До креветите се навиваат будилниците, се гасат светла- та, се ‘рчи и се вртат мислите вo круг. Не можат сите позиции од Камасутра да се изведат на каучот, па затоа таа ужасна слобода во Холандија е недоволно искористена. Во последните години каучот ја зголеми својата загуба преку притисокот за изразување на својата сексуална слава, бидејќи далечинскиот управувач почна сè повеќе да се негува заедно со прстите кои шумолат во ќесичките со чипс. Постојат многу тајни во Холандија, но најбитната тајна за оваа приказна е дека нејзините жители ги носат најважните одлуки додека возат велосипед. Исто така, и Жанин, мајката на Херт, кога на седум- наесетгодишна воздраст дозна дека е бремена. Кога Жанин имаше педесет и четири години, а нејзиниот син Херт имаше триесет и седум години, таа помисли дека тоа е вистинското време нејзиниот син да го напушти нивниот дом. Таа беше малку пијана и имаше икавица. ‘Време е да си побараш свој дом’, – му рече таа. Тој ден, Херт го проверуваше своето салдо во банката и забележа дека продавницата за музички инструменти во Штудгарт му исплатила доволно средства за виолините кои тој ги правеше, за самиот да може си купи сопствена куќа. Тој си го облече мантилот и со својот велосипед замина кон брокерот во банката. ‘Сакам да си купам куќа’, – рече тој. Брокерот со недоверба гледаше кон слабото и ви- соко момче, со вдлабнати очи, со избледен мантил и со бели чорапи во блескави кожени чевли. И когаcброкерот го запраша за сумата која тој би можел да ја плати, Херт му го подаде преполниот извод од банката. ‘Мислите на ова?’– рече тој, како никогаш до тогаш да немал видено извод од банка. Брокерот го зеде изгужваното ливче, мислејќи си дека Херт, кој гледаше надолу кон земјата, е само збунет и претпостави дека нема потреба да му по- нуди да седне и нешто да се напие, како што го правеше тоа со сите свои нови клиенти. Тој фрли поглед кон изводот од банката, веднаш стана и пријателски му подаде рака на Херт. ‘Сакате да го соблечете мантилот?’– учтиво запраша тој. ‘И сакате да се напиете кафе или чај?’ Херт пиеше црно кафе додека ги разлистуваше папките со куќите за продажба и кога си го испи кафето тој покажа кон отворената страница. ‘Оваа куќа ја сакам’, – рече тој, како да купува чевли или чорапи. ‘На која мислите?’– праша брокерот. ‘Не е битно’, – рече Херт. ‘Една од овие две’. Тој се почеша по вратот и по косата. Брокерот беше изненаден што некој како Херт може да има толку многу пари на својата сметка. ‘Во ред, тогаш оваа’, – рече тој. Му беше жал што цената на куќата јасно стоеше на горниот дел од страницата. Тој можеше многу лесно да му побара уште 35.000 евра. Кога би сакале да ја видите куќата?’ ‘Не е битно. Еве тука ја гледам. Можеби би можеле да потпишеме договор’. После еден час и петнаесет минути Херт се врати дома. ‘Брзо се врати’, – рече мајка му, која сè уште имаше икавица. ‘И, успеа?’ ‘Да’, – рече Херт и ја подаде влажната папка со фотографија на предната страница од задниот дел на куќата, со голем прозорец кон дворот и камена шупа со рамен покрив кон неа. Пред Херт да си ја купи својата куќа, тој живееше со својата мајка Жанин во куќа, зад продавницата за употребена стока. Таа работеше на каса. Пред да дојдат вработените во продавницата во седум и триесет, таа влегуваше во неа преку предната врата. Херт, секогаш влегуваше во продавницата кога немаше вработени во неа, преку скришната врата зад полицата со книги. ‚И мене, исто така, ми се случи една несреќа‘, – секогаш велеше Жанин, кога зборуваше со другите за некакви несреќи. И тогаш ќе покажеше кон Херт, со кого беше бремена на седумнаесетгодишна возраст. Беше 9-ти февруари 1971 година. Жанин мисле- ше дека тоа ќе биде еден вообичаен ден. Таа не зна- еше дека од тој ден нејзиниот живот засекогаш ќе се измени и дека сите планови кои ги имала, нема да се остварат. За триесет и осум дена таа ќе наполни осумнаесет години. Тоа беа многу битни години за неа, не затоа што ќе се исели од дома, туку затоа што таа се имаше договорено со своите родители дека ќе ја добие својата возачка дозвола, доколку не пуши цигари. Тој ден таа седеше со тројцата дру- гари хомосексуалци во една шупа на село во пред- градието, пушејќи марихуана. Тие скршија неколку парчиња дрво од шупата за да запалат оган и да се затоплат во тоа време на студениот месец февруари. Со секоја инхалација се зголемуваше во мозокот на Жанин. И одеднаш, таа почувствува дека нешто се случува. ‚Моето јајце ми потскокнува. Го чувствувам‘, – рече таа. Таа го допре местото под нејзиниот папок, како што го прават тоа бремените жени кога знаат дека се бремени. ‚Ајде, не се глупирај. Ти да не си кокошка?’– рече еден од другарите. ‚Можеби ова е јајце од девојче‘, – фантазираше Жанин и погледна кон чадот кој го испушти. ‚На поинаков начин се одредува дали детето е машко или девојче‘, – сериозно рече еден од нејзините другари. ‚Ова е јајце од мојот син кој ќе се вика Херт‘, – рече таа, се закикоти и силно вовлече од џоинтот. И го виде момчето на пожолтен постер под пајажини со мртви муви. Тој молејќи, ја погледна и рече: ‚Те молам дозволи ми да се родам‘. Земјата под нозете на Жанин започна да се врти…
Questions and Answers
You are not logged in