Аутизам: Да се биде професионален родител

Издавач: / | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: Autism: becoming a professional parent | Бр. на страни: 157 | Димензии: 21 | Корица: тврда

Ова е прва од серијата мали книги Аутизам: Да се биде професионален родител, во која Богдашина го споделува она што го има научено и го учи за аутизмот.

Првиот дел од оваа серија (Истражување на сензорниот свет на аутизмот) опфаќа голем број сензорни перцепциски прашања и дава идеи и совети, што ќе ги инспирира и информира оние што живеат или работат со аутистични деца.

Книгата е особено наменета за родителите со деца со аутизам и ќе ги насочува низ најситните детали, не само во живеењето туку и во успехот – заедно со нивните деца со аутизам.

Книгата содржи 12 поглавја, а секое поглавје опфаќа лична приказна, во која се претставуваат еден или два сензорни проблеми, кои се чести кај аутизмот, информации и истражувања поврзани со темата обработена во првиот дел, како и објаснувања на појавите, практични совети и дополнителни информации.

ДЕЦАТА СО АУТИЗАМ ЗАСЛУЖУВААТ ДА БИДАТ СЛУШНАТИ. ТИЕ ИМААТ ПРАВО НА КВАЛИТЕТНО ОБРАЗОВАНИЕ, СООДВЕТНО ВРАБОТУВАЊЕ И ПРАВИЛНА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ОПШТЕСТВОТО. КУПУВАЈЌИ ЈА ОВАА КНИГА ВИЕ ДАВАТЕ СКРОМЕН ПРИДОНЕС КОН ОСТВАРУВАЊЕТО НА ОВАА ЦЕЛ: СРЕДСТВАТА ОД ПРОДАЖБАТА ЌЕ БИДАТ ДОНИРАНИ ВО ЗДРУЖЕНИЕТО ,,СИНА СВЕТИЛКА“, ЗДРУЖЕНИЕ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТ НА ЛИЦАТА СО АУТИСТИЧЕН СПЕКТАР НА НАРУШУВАЊЕ.

Цена: 500 ден

20 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Аутизам: Да се биде професионален родител

Категорија:
ИСБН: 978-608-259-356-2

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Аутизам: Да се биде професионален родител”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in