Автопоеза и когниција: Реализација на животот
Умберто Р.Матурана е чилеански биолог и философ. Го сметаат за припадник на вториот бран кибернетичари, препознатлив по развојот на својата теорија за автопоеза која ја отсликува природата на рефлексните реакции кај живите системи.
Франсиско Х.Варела (1946–2001) бил колега и ученик на Умберто. Тој бил биолог, философ и невролог кој заедно со Умберто ја развија теоријата за автопоезата. Тој е коосновач на Институтот за разум и за живот, чија цел е промовирање на дијалогот меѓу науката и будизмот.
Двајцата автори се имаат зафатено со изградба на систематска теоретска биологија која ги дефинира живите системи како самосодржана целина која упатува самата на себе т.е. е автореферентна. Понатаму, тие продолжуваат кон дефинирање на когницијата како биолошки феномен или како суштинска природа на живите системи. При овие нивни анализи и дефинирања откриваат дека, всушност, живите системи се когнитивни системи, а самиот процес на живеење е процес на когниција.
Ова храбро, брилијантно, предизвикувачко и загадочно дело бара и заслужува внимателно читање. Книгата претставува најоригинален приказ на систематската биологија со децении наназад и воедно е класифицирана како длабоко философско дело.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.
1 оценка за Автопоеза и когниција: Реализација на животот
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –