Автопоеза и когниција: Реализација на животот

Publisher: Арс ЛАМИНА | Language: Македонски | Year: 2012
Original title: Autopoiesis and Cognition: The Realization of the Living | Num. of pages: 176 | Dimensions: 155x235 | Cover: /

Умберто Р.Матурана е чилеански биолог и философ. Го сметаат за припадник на вториот бран кибернетичари, препознатлив по развојот на својата теорија за автопоеза која ја отсликува природата на рефлексните реакции кај живите системи.
Франсиско Х.Варела
(1946–2001) бил колега и ученик на Умберто. Тој бил биолог, философ и невролог кој заедно со Умберто ја развија теоријата за автопоезата. Тој е коосновач на Институтот за разум и за живот, чија цел е промовирање на дијалогот меѓу науката и будизмот.
Двајцата автори се имаат зафатено со изградба на систематска теоретска биологија која ги дефинира живите системи како самосодржана целина која упатува самата на себе т.е. е автореферентна. Понатаму, тие продолжуваат кон дефинирање на когницијата како биолошки феномен или како суштинска природа на живите системи. При овие нивни анализи и дефинирања откриваат дека, всушност, живите системи се когнитивни системи, а самиот процес на живеење е процес на когниција.
Ова храбро, брилијантно, предизвикувачко и загадочно дело бара и заслужува внимателно читање. Книгата претставува најоригинален приказ на систематската биологија со децении наназад и воедно е класифицирана како длабоко философско дело.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Rated 5 out of 5 based on 4 customer ratings
(1 customer review)

Price: 590 ден

50 in stock

Compare
Sold By Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Автопоеза и когниција: Реализација на животот

Category:
SKU: 978-608-229-217-5

1 review for Автопоеза и когниција: Реализација на животот

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (verified owner)

Add a review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in