Белиот шепот
Автор:
Лидија Давидовска
Издавач:
Антолог |
Јазик:
Македонски |
Година:
2020
Оригинален наслов:
/ |
Бр. на страни:
52 |
Димензии:
12х20
|
Корица:
/
Поетската збирка од триесетина страници е лирски запис на случки, настани, сеќавања, односно содржи триесетина песни што се занимаваат со вакви и слични лични теми, поделени во три циклуси – „Македонија“, „Конецот на вистината“ и „Лик – Слика – Неприлика“. Првиот циклус се занимава со аспекти од материјалното и духовното наследство на Македонија и возбудата на авторката при откривање на тоа богатство што го зацврстува чувството за нејзиниот национален бит. Вториот циклус со четиринаесетина песни се занимава со рефлексии за одредени случки и настани и длабење на вертикалата на философскиот начин на гледање – од посебното и интимното кон општото и универзалното. Во третиот циклус, составен од десетина песни, книгата се навраќа на портрети и ликови што оставиле впечаток и предизвикале размисли за меѓучовечките односи што зазеле добар дел од емотивниот и мисловниот живот на еден човек преточен во песни.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.