Беседа против богомилите на Презвитер Козма
Автор:
Илија Велев
Издавач:
Македоника |
Јазик:
Македонски |
Година:
2011
Оригинален наслов:
Беседа против богомилите на Презвитер Козма |
Бр. на страни:
230 |
Димензии:
240х170
|
Корица:
/
„Беседа против богомилите на Презвитер Козма“ е интегрално објавена во две верзии: на црковнословенски и на современ македонски јазик, но делумно и во факсимилна форма. Во оваа книга таа е првпат целосно објавена на современ македонски јазик – досега беа објавени само фрагменти. Објавувањето на двете верзии на двата дела од текстот на полемичката Беседа на Презвитер Козма ѝ овозможува на пошироката читателска и научна јавност во Македонија да се запознае со неговата содржина, која како антибогомилска ги разоткрива изворните учења и идејни тенденции на богомилите. Овој духовен и културен феномен од македонската традиција досега е малку познат, при што објавувањето факсимилно на ракописен препис, расчитан старословенски текст и превод на современ македонски јазик само ја проширува претставата за богатото македонски културно-историско и ракописно наследство. Ова средновековно дело му припаѓа на охридскиот духовен и книжевен центар.
Questions and Answers
You are not logged in