Бесконечна граница: Историја на животната средина во раниот модерен свет
Џон Ф. Ричардс е професор по историја на Универзитетот „Дјук“. Тој прави обид да ја напише историјата на животната средина на глобално ниво. Целта на книгата е да се идентификуваат, опишат и да се одразат процесите што се одвиваат во природата, а во кои се чувствува влијанието на човекот и тоа од крајот на 15 век до почетокот на 19 век. Во тој период двојно се зголемил бројот на населението на планетата, од некои 500 милиони жители на една милијарда.
Ова зголемување на населението неминовно водело кон интензивирање на користењето на земјиштето. За сметка на обработливите почви се намалувале шумите, мочуриштата и саваните. Истовремено дошло до намалување на биомасата и на биоразличностите. Развојот на индустријата го сторил своето и почнува интензивно користење на природните ресурси. Со сите овие промени настанува и промена на целокупната еколошка слика. Во таа изменета слика се вклучуваат и водните ресурси кои драстично се менуваат со израдбата на огромните брани. Кон сето досега кажано, за трајно нарушување на екосистемот придонесува и таканаречениот „глобален лов“ зад кој стојат комерцијалните ловци кои немилосрдно уништуваат цели заедници од риби, птици и од цицачи.
Авторот, всушност, ни раскажува една трагична приказна која продолжува и денес, со уште поголем интензитет. Ова е приказна за човековата алчност и незаинтересираност за животната средина. Се надеваме дека секој што ќе ја прочита оваа книга, конечно, ќе разбере дека сето тоа уништување на природата мора да запре и дека сите заедно мора да се избориме за подобра животна средина.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.
1 оценка за Бесконечна граница: Историја на животната средина во раниот модерен свет
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –