Бесмртност
Автор:
Милан Кундера
Издавач:
Арс ЛИБРИС |
Јазик:
Македонски |
Година:
2020
Оригинален наслов:
Nesmrtelnost |
Бр. на страни:
384 |
Димензии:
20 см
|
Корица:
мека
„Смртта и бесмртноста создаваат неразделна двојка... поубава од Ромео и Јулија или од Лорел и Харди...“ „Бесмртноста подразбира вечно судење.“ Тоа го вели Кундера во Бесмртност, каде што и самиот се јавува како лик. Бесмртноста, или претставата за неа, е присутна низ целата приказна, почнувајќи од интерференцијата на Гете и Хемингвеј како ликови, преку односите на другите, фиктивните ликови, па сè до инспирацијата што произлегува од еден единствен специфичен гест. Кундера и во ова дело го користи нему својствениот и мошне типичен психолошки реализам, а низ Бесмртност како стожерни провејуваат две главни теми: врската меѓу човекот и неговата слика и она што Кундера го именува како хомо сентименталис.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.