Безразборна лабораторија

Издавач: Магор | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: Безразборна лабораторија | Бр. на страни: 112 | Димензии: 20 см | Корица: /

Најновата поетска книга на Влада Урошевиќ, Безразборна лабораторија, веќе со самиот наслов, дијалектички ги проникнува аполонискиот и дионизискиот концепт како два, сосема рамноправни принципи на креацијата. Поетската „безразборна лабораторија“ ги хармонизира: авантурата и редот, љубопитството за необичното и „копнежот по систем“, играта и дисциплината, „креативната фантазија“ и искуството, восхитот пред животот како едно малечко големо чудо и интелектуалната контрола, смислата за чудесност и култивираниот израз и стил, пеењето и мислењето... Стожер на книгата Безразборна лабораторија е космичкиот ритам на творештвото вон и во човекот. Драмата што се одвива во поетската лабораторија е созвучна со големата драма на постоењето што секојдневно се случува во замислената лабораторија на природата. Песните поместени во Безразборна лабораторија, од една страна, сведочат за фасцинантната ерудиција на Урошевиќ во поглед на митското наследство, на научните и псевдонаучните сознанија или на колективната уметничка меморија. Втората ориентација на книгата Безразборна лабораторија, пак, е во знакот на сетилните сензации и перцепции, односно восприемање и читање на природата (пејзажот) како тајнопис. Овие стихови покажуваат дека „градината“ е своевидна „опсерваторија“, дека „летот на пеперугите“ може да биде калиграфија или криптографија, а „текстот на полето е палимпсест“. Восхитува притоа, загатката на поетската слика, веројато најмоќното поетско оружје на нашиот поет, слика заснована врз принципот аналогија кој резултира со најнеочекувани и најнепредвидливи асоцијации и фантастични решенија. Најновата книга стихови, Безразборна лабораторија, ги потврдува нестивнатите, несекојдневни љубопитства на Урошевиќ во поглед на предизвиците што ги нуди поетскиот процес. Од збирка во збирка, нашиот поет трага по нови возбуди и ги проширува границите на поетското.

Цена: 400 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Магор

Report an abuse for product Безразборна лабораторија

Категорија:
ИСБН: 978-608-223-622-3

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Безразборна лабораторија”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in