Библиотека (хеленска митологија)

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2009
Оригинален наслов: Библиотека (хеленска митологија) | Бр. на страни: 216 | Димензии: 200х140 | Корица: /

Овој митолошки прирачник претставува опширен приказ на приказните за боговите и за хероите од богатата традиција на грчката митологија. Драгоценоста на делото се должи на неговата огромна документарна вредност. Имено, делата, кои биле користени како извори за материјалот на ова митографско дело во голема мера се изгубени, па во таа смисла Аполодоровата „Библиотека“, како единственото во целост зачувано дело од долгата хеленска митографска традиција, е еден вид конзерватор на бројни автентични ракописи од архајскиот и класичниот период и нивно скапоцено сведоштво. Во овој текст се зачувани бројни митолошки варијанти за кои лесно може да се претпостави дека биле извори на епската и лирската грчка поезија, а кои не се конкретно спомнати, што овозможува да се добие претстава за состојбата на митската граѓа пред да стане предмет на авторска книжевна обработка. Овој текст има и книжевни вредности и доблести. Митовите не се раскажуваат со редуциран и елиптичен израз на здодевно информативно четиво, туку со суптилна стилизација на врвно наративно мајсторство.„Библиотека“ на Аполодор е единствениот митографски текст зачуван од антиката, кој изворно ги пренесува митолошките содржини. Сите подоцнежни митолошки речници го имаат за извор токму овој зборник на грчки митови.
Рангирано 5.00 од 5 според 1 рејтингот на корисниците

Цена: 250 ден

2 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Библиотека (хеленска митологија)

Категорија:
ИСБН: 978-9989-163-87-6

Questions and Answers

You are not logged in