Биологија на виновата лоза

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2010
Оригинален наслов: Biology of the Grapevine | Бр. на страни: 252 | Димензии: 150x230 | Корица: /

Информациите за развојот, таксономијата, морфологијата, анатомијата, физиологијата и за генетиката на виновата лоза се сиромашни и недоволно присутни во досегашната стручна литература. Целта на оваа книга е да се обезбеди концизен и сеопфатен преглед на биологијата и на одгледувањето винова лоза за сите што се засегнати со таа проблематика.
По описот на основните карактеристики на лозарството од античко време па с
# до денешен ден, авторите продолжуваат со разработка на таксономијата на виновата лоза и на развојните процеси што доведуваат до разнообразност во рамките на „vitaceae. Особено внимание им е посветено на родовите „vitisи „muscadinia, кои се сметаат за зачувани генетски варијации при подобрувањето на виновите лози. Понатаму се опишани вегетативната и репродуктивната анатомија на виновата лоза што претставува вовед во комплетната обработка на развојната физиологија и физиологијата на животната средина за овие економски многу важни растенија. Во последното поглавје е разгледан потенцијалот за генетско подобрување на виновите лози, со сите проблеми што се појавуваат, како и методите и стратегиите при одгледувањето на подмладокот. Исто така е даден специјален осврт за улогата што ја имаат растителната биотехнологија и ткивната култура врз генетското подобрување на виновите лози.
Автори на ова дело се: Алaн Буке од
INRA центарот за истражување на винови лози, Франција и Мајкл Г. Мулинс и Лери Е. Вилијамс од одделот за лозарство и за енологија при Универзитетот „Дејвис“ од Калифорнија, САД.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 1190 ден

50 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Биологија на виновата лоза

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-137-6

1 оценка за Биологија на виновата лоза

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in