Боите на самракот
Автор:
Мирко Видоески
Издавач:
ДОМ НА КУЛТУРАТА "ИЉО АНТЕСКИ СМОК", ЛИТЕРАТУРЕН КЛУБ "КИРИЛ ПЕЈЧИНОВИЌ" ТЕТОВО |
Јазик:
Македонски |
Година:
2003
Оригинален наслов:
Боите на самракот |
Бр. на страни:
206 |
Димензии:
20 cm
|
Корица:
мека
Книгата БОИТЕ НА САМРАКОТ од Мирко Видоески е збирка со 20 раскази со фантастично-мистична содржина. Ова е книга за добрите духови и лошите луѓе, поглед на другата страна од овоземното, приказни обоени со боите на самракот. Еве што напиша во рецензијата за оваа книга познатиот македонски писател Јован Павловски: "Мирко Видоески убаво раскажува, фино се изразува, фасцинира. Понекогаш личи на новинарски стил, ама тоа не е и не мора да е некој особен грев на повеќе раскажувачи. И Достоевски и Хемингвеј биле критикувани за тоа. Современиот стил е обележје за сите раскази. Тоа од нив заедно прави една целина. Се на се: писмено, читливо, јасно!" А писателот Јован Дамјановски во неговиот осврт кон книгата, меѓу другото напиша: "БОИТЕ НА САМРАКОТ за мене е книга за заробеност на умот и човечката душа со различни видови репресија, за откривањето на сликата на животот. Но, едновремено е провокативна и полемична. Овде треба да се нагласи дека авторовиот мотив е еруптивен, посебно во драматичното трагање по коренот и изворите на немирот. Мирко Видоески реално го опишува светот на бесмислата."
5 оценки за Боите на самракот
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
Ja prochitav…a preporachuvam, se chita vo eden zdiv! (Rada Petruseva, Skopje)
Anonymous (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
Sonja Tetovo Mirko Vidoeski mi e omilen avtor. Odusevena sum od negovata kniga “Boite na samrakot”, koja nekolkupati sum ja procitala. Sum gi gledala i site negovi komedii koi sam gi rezirase na scenata na Dramskoto studio vo Tetovo, koi bea izveduvani pred prepolna sala i na koi sum se iznasmeala do solzi.