Болестите на модерното време
Автор:
Чарлс Тејлор
Издавач:
ИЛИ-ИЛИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2012
Оригинален наслов:
The Malaise of modernity |
Бр. на страни:
132 |
Димензии:
200x130
|
Корица:
/
Природата на слободното општество е таква што тоа секогаш е место на борба меѓу повисоките и пониските облици на слобода. Ниедна од страните не може да ја укине спротивната, но границата меѓу нив може да се поместува, никогаш дефинитивни и трајно, но - за некои луѓе и на извесно време, на овој или на оној начин - несомнено. Со општествена акција, политички промени и придобивање на срцата и умовите на луѓето, подобрите облици можат да освојуваат нови територии, барем за извесно време. Во извесна смисла, вистински слободно општество би можело како свој опис да го прифати слоганот кој во една сосема поинаква смисла го користеа револуционерните движења од типот на Црвените бригади: „la lotta continua“, борбата продолжува - и би можело да се додаде: ЗАСЕКОГАШ!.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.