Божествена комедија
Автор:
Данте Алигиери
Издавач:
Арс ЛИБРИС |
Јазик:
Македонски |
Година:
2019
Оригинален наслов:
Divina commedia |
Бр. на страни:
432 |
Димензии:
120х200
|
Корица:
мека
Божествена комедија е обележје на италијанската литература и се смета за „енциклопедија на средновековието“. Оваа поема претставува прониклива христијанска визија за амбивалентната природа на човековата судбина, од една страна како краткотрајна, а од друга страна како бесконечна. Божествена комедија исто така може да се чита и како алегорија што ги отсликува општествено-политичките проблеми што ги сведочел и во кои учествувал и самиот Данте. Тој во поезијата наоѓа средство за посочување на крвавиот хаос на земјата и помеѓу луѓето, за нивниот стремеж за власт и насилство, а во исто време и средство за осветлување на возвишеното и на Доброто.
Данте Алигиери (1265 – 1321) е италијански поет и една од најважните фигури во светската литература. Негово најпознато дело е поемата Божествена комедија, што се смета за врвна реализација на класичната книжевност. Покрај поезија, Данте пишува и важни теоретски дела. Во незавршеното дело Гозба ги изнесува своите морално-филозофско-богословски интересирања во тоа време. Во трактатот За монархијата пишува за своите политички сфаќања за поделба меѓу верската и политичката власт. Неговиот литературен првенец од кој се откажува, Нов живот, претставува еден вид автобиографски роман во стихови, посветен на големата љубов Беатриче. Пишува на народен и на латински јазик, но силно го брани правото на народниот јазик во литературата.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.