Брзината не убива

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2016
Оригинален наслов: Брзината не убива | Бр. на страни: 108 | Димензии: 190х120 | Корица: /

Ова е седма поетска книга на Владимир Илиевски и содржи шеесетина песни кои се поделени во пет концепциски циклуси. Во оваа поетска книга Владимир Илиевски не отстапува од „утврдените“ правила на својата поетика. Сепак треба да се констатира дека тие „утврдени правила“ не го стеснуваат и не го намалуваат животниот естетски простор на неговиот поетски збор. Напротив, токму во тој простор егзистираат и импулсивно пулсираат свежите поетски иновации на Илиевски.

Поетската книга „Брзината не убива“ на Владимир Илиевски е показател за еден вреден творечки континуитет со потврдени поетски вредности. Овие песни недвосмислено покажуваат дека Илиевски суверено владее во омеѓениот простор на својата поетика. Книгата „Брзината не убива“ ја потврдува високата позиција на Владимир Илиевски на современото македонско поетско творештво.

Песните на Илиевски се отворени и очистени од непотребната „наметлива“ херметичност. Тие немаат потреба да ја скријат, да ја кодираат или едноставно да ја заборават пораката. Тие јасно ја кажуваат, покажувајќи дека една од основните функции на уметноста е потребата да се пренесе порака. Тие не се песни за верувањето и за восхитот, туку се песни за сомнежот и за постојаниот немир.

Цена: 100 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Брзината не убива

Категорија:
ИСБН: 978-608-252-010-0

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Брзината не убива”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in