ЧАСОВИ НА РАДОСТА

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2015
Оригинален наслов: Časovi radosti | Бр. на страни: 126 | Димензии: 200x130 | Корица: мека

/ Ова дело на Владан Матијевиќ, најнаградуваниот српски писател во 21 век, е лирски еротски роман – актуелен европски бестселер. Часови на радоста или Авантурите на Маца Аксентијевиќ е краток, двосмислен, провокативен витешки роман кој ги опишува љубовните и сексуалните подвизи на главниот лик Маца Аксентијевиќ. Со него Владан Матијевиќ уште еднаш ја потврдува својата репутација на „мајстор на шокантното раскажување“. Овој роман е преведен на француски (четири изданија), шпански, италијански и на германски јазик. Секаде наидува на големо внимание и популарност, а критиката го оценува како „необично дело со брилијантни рефлексии за животот, љубовта и оргазмот.“ „Либерасион“: „Вистинско поетско четиво... Оваа девојка е сочинета од истите нешта како и сништата. Таа ни подарува парченца вечност, се излежува, поучува, упатува, филозофира... книга чијшто вистински главен јунак е страста.“ Адријана Марчетиќ (Србија): „Авантурите на Маца Аксентијевиќ воопшто не се сентиментални, уште помалку платонски, туку исклучиво еротски, а нејзините ʼвитешки‘ подвизи се сведуваат на бесконечни освојувања со какви што ни Казанова не би се засрамил.“
Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците

Цена: 150 ден

8 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product ЧАСОВИ НА РАДОСТА

Категорија:
ИСБН: ISBN 978-608-4614-93-7

Questions and Answers

You are not logged in