Чекајќи ја историјата

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2016
Оригинален наслов: Чекајќи ја историјата | Бр. на страни: 64 | Димензии: 12x20 | Корица: /

„Поезијата на Звонко Танески има свој круг на читатели, своја перспектива во рецепцијата, во преводот, така што верувам дека и оваа збирка, Чекајќи ја историјата, ќе наиде на добар прием, како кај домашната така и кај странската публика“.

акад. Катица Ќулавкова


Во својот нов поетски ракопис, Звонко Танески несомнено, јасно, промовира една комбинирана поетичка стратегија преку вкрстување на принципот иронија со принципот мемоар, на гномичноста со телеграфската опсервација, преку заемно надополнување на цикличноста со/и елиптичноста. Тематски, во збирката преовладуваат еротски или еротизирани описи и асоцијации, иако во книгата се забележува и една нескриена чувствителност на политичкото битие на светот, на нашиов, овдешен/тукашен свет, со извесни македонски вредносни гами. Во песните се проектираат и слики од современото урбано секојдневје во коишто се насетува цинична интонација. Песните на Звонко Танески умеат и да оперираат со реминисценции и алузии на литературни, филмски и културни интертекстови, така што семантиката на песната е само навидум едноставна и препознатлива (клиширана).


Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 200 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Чекајќи ја историјата

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-145-1

1 оценка за Чекајќи ја историјата

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in