Човек, врата / Христо Петрески

Издавач: Макавеј | Јазик: Македонски | Година: 2023
Оригинален наслов: Човек, врата / Христо Петрески | Бр. на страни: 80 | Димензии: А5; 21 см | Корица: мека

Новото поетско огласување на Христо Петрески (поет, прозаист, автор на литература за деца, универзитетски професор и актуелен претседател на Друштвото на писателите на Македонија) сочинето е од пообемен корпус од над седумдесетина песни, настанати, главно во последните две-три години, поделени во циклусите „Портиче“, „Будеж“ и „Легло“. Задржувајќи се на доблестите и достигнувањата на оваа нова книга на Петрески, поетот и литературен критичар Бранко Цветкоски, меѓу другото, во издавачката препорака кон книгата констатира: „ Во лириката од книгата „Човек, врата“ доминира упатеноста и одмереноста во откривањето на медитативните и евокативните пластови на песната. Петрески лирски резонира и со нијансите на јазикот на секојдневието, но и со магичниот, гномски, исокометафоричен, певлив и беседовен темел на народната мудрост и на сензибилитетот на нашиот современ човек. Со таа потфатена златна жичка на хармонизирање на богатиот јазичен медиум и личниот животен опит Петрески, чинам дека со оваа книга ја добива својата највисока, односно најзрела фаза во сопствениот поетски и книжевен развој. Истовремено, појавата на оваа книга претставува причина, естетска провокација и обмислено пласиран поетски влог во тековите на современата македонска литература“.

Цена: 246 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Макавеј

Report an abuse for product Човек, врата / Христо Петрески

Категорија:
ИСБН: 978-608-205-515-2

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Човек, врата / Христо Петрески”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in