Чувари на несвесното
Автор:
Марија Гиревска
Издавач:
КУЛТУРА |
Јазик:
Македонски |
Година:
2017
Оригинален наслов:
Чувари на несвесното : англиски надреализам |
Бр. на страни:
159 |
Димензии:
21
|
Корица:
мека
Во оваа студија се истражуваат улогата, природата и значењето на англиската надреалистичка група во триесеттите години од XX век. Од записите, преписките и од директните обраќања на Андре Бретон (André Breton), Дејвид Гаскојн (David Gascoyne), Роланд Пенроуз (Roland Penrose), Херберт Рид (Herbert Read), Пол Елијар (Paul Éluard) и Хју Сајкс Дејвис (Hugh Sykes Davies) помеѓу 1932 и 1936 година се забележуваат јазли на една тесна поврзаност, во смисла на размена на искуство и идеи, пријателство и влијание помеѓу англиските и француските надреалисти. Она што е предмет на интерес е како нивното творештво и идеи се интегрираат во пошироката историја на француското, но и на меѓународното надреалистичко движење, како и во рамките на англиската авангарда. Задачата е да се одговори колку е можна двонасочната рецепција на францускиот надреализам во англиската книжевност. Овде ќе се погледнат активностите на англиската надреалистичка група чие јадро е најсилно и најактивно околу подготовките за Mеѓународната надреалистичка изложба во Лондон во 1936 година.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.