Да се почне одново

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: Да се почне одново : промена на системот : државните театри меѓу пазарот и демократијата | Бр. на страни: 216 | Димензии: 21 | Корица: /

„Ова не е книга за преживување на театарот во период на економска рецесија – макар што сенките на кризата постојано се надвиваат во поглавјата што следуваат – туку е книга за самиот поим институционален театар, некомерцијален и, оттука, субвенциониран; за неговите препознатливи доблести, вредности и за придобивките што ги носи тој.“ Вака пишува реномираниот театролог и културен критичар Драган Клаиќ во својата луцидна, аргументирана и елоквентна полемика за одбрана на доблестите на институционалниот театар. Под притисок на економијата, глобализацијата и културната индустрија, институционалниот театар сè повеќе личи на неговиот двојник, комерцијалниот театар, и некритички го прифаќа неговиот модел. Од друга страна, и покрај субвенциите што ги добива, тој не може да го пронајде моделот што ќе му овозможи правилно да функционира и да го прави тоа што го знае најдобро: да експериментира, истражува и критикува. Веднаш се наметнува прашањето што да се прави? Книгата Да се почне одново на Драган Клаиќ дава многу конкретни одговори на ова прашање и вешто се движи помеѓу минатото и сегашноста, идеалите и стварноста, уметноста и економијата, културата и културната политика – и се наметнува како задолжително четиво за сите оние што се интересираат за судбината на театарот во XXI век и се активни чинители во создавањето на неговата иднина.

Цена: 550 ден

20 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Да се почне одново

Категории: ,
ИСБН: 978-608-259-881-9

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Да се почне одново”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in