Да се сака со отворени очи

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2011
Оригинален наслов: Amarse con los ojos abiertos | Бр. на страни: 219 | Димензии: 195 X 125 | Корица: мека

Кога експертот за маркетинг Роберто ќе добие имејл наменет за некој Фреди, го брише без размислување. Но писмата и натаму пристигнуваат, па љубопитниот Роберто почнува скришум да ги чита. Му ги испраќа психотерапевтката Лаура, која заедно со Фреди пишува книга за чудата на љубовта и заљубеноста, за можноста за одржување на врските, за верувањето во идеали, но и за недостатокот на љубов и претворањето на магепсаноста во завист. Со секоја нова порака, замислениот Роберто сè повеќе ги преиспитува сопствените љубовни искуства и се обидува да се разбере себеси. Охрабрен од стручните познавања и искуства на Лаура и прикриен во анонимноста на интернетот, Роберто го презема идентитетот на Фреди и почнува да и’ пишува писма на Лаура, во кои ги изнесува своите приказни и размислувања за љубовта и среќата. Но реалниот свет му подготвува едно изненадување...Романот „Да се сака со отворени очи“ на еден од најомилените и најчитаните психотерапевти во светот, Хорхе Букај, е единствен во многу погледи - напнатата, прекрасно раскажана приказна е истовремено најпиткиот и најчитаниот прирачник за љубовните односи, за љубовта што исчезнува и што треба да се одржува.
Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(3 оценки на корисници)

Цена: 380 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Да се сака со отворени очи

Категорија:
ИСБН: 9786082300375

3 оценки за Да се сака со отворени очи

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

  2. Rated 5 out of 5

    v l (верификуван корисник)

  3. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in