Да се сака со отворени очи
Author:
Хорхе Букај
Publisher:
Издавачки центар ТРИ |
Language:
Македонски |
Year:
2011
Original title:
Amarse con los ojos abiertos |
Num. of pages:
219 |
Dimensions:
195 X 125
|
Cover:
мека
Кога експертот за маркетинг Роберто ќе добие имејл наменет за некој Фреди, го брише без размислување. Но писмата и натаму пристигнуваат, па љубопитниот Роберто почнува скришум да ги чита. Му ги испраќа психотерапевтката Лаура, која заедно со Фреди пишува книга за чудата на љубовта и заљубеноста, за можноста за одржување на врските, за верувањето во идеали, но и за недостатокот на љубов и претворањето на магепсаноста во завист. Со секоја нова порака, замислениот Роберто сè повеќе ги преиспитува сопствените љубовни искуства и се обидува да се разбере себеси. Охрабрен од стручните познавања и искуства на Лаура и прикриен во анонимноста на интернетот, Роберто го презема идентитетот на Фреди и почнува да и’ пишува писма на Лаура, во кои ги изнесува своите приказни и размислувања за љубовта и среќата. Но реалниот свет му подготвува едно изненадување...Романот „Да се сака со отворени очи“ на еден од најомилените и најчитаните психотерапевти во светот, Хорхе Букај, е единствен во многу погледи - напнатата, прекрасно раскажана приказна е истовремено најпиткиот и најчитаниот прирачник за љубовните односи, за љубовта што исчезнува и што треба да се одржува.
3 reviews for Да се сака со отворени очи
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (verified owner) –
v l (verified owner) –
Anonymous (verified owner) –