Дебар и дебарско низ историјата
Автор:
Ѓорѓи Илиевски
Издавач:
Меѓународен центар за славјанска просвета |
Јазик:
Македонски |
Година:
2018
Оригинален наслов:
Дебар и дебарско низ историјата |
Бр. на страни:
342 |
Димензии:
Б5
|
Корица:
мека
Од Авторот:Како дебранец, со оваа книга сакам да направам една историска репортажа, или една ретроспектива на историските процеси и промени во Дебар и Дебарската област, притоа опфаќајќи ги: Oсманлискиот период, Преродбенското движење, Македонското револуционерно националноослободително движење, како и промените и процесите меѓу двете светски војни.Покрај тоа, во трудот ќе се осврнам на секојдневниот живот на луѓето, особено на духовниот, со посебен осврт на Дебарската епархија, потоа на просветните прилики, печалбарството како специфична појава во регионот и друго. Имајќи ја предвид сложеноста и комплексноста на проблематиката, како и фактот дека по вокација не сум историчар, укажувам дека трудот кој го поднесувам пред јавноста не претендира ниту на сеопфатна, а уште помалку на некаква академска историја, туку тоа го правам како дебранец, кој чувствува општествен долг кон својот роден крај
Questions and Answers
You are not logged in