Дневникот на Војводата Васил Чакаларов
Автор:
Дејан Павлевски
Издавач:
СИЛСОНС |
Јазик:
Македонски |
Година:
2012
Оригинален наслов:
Дневникот на Војводата Васил Чакаларов |
Бр. на страни:
399 |
Димензии:
21
|
Корица:
/
Костурскиот војвода Васил Чакаларов (роден во с.Смрдеш, Костурско 1874, а загинал на 20 јули 1913 година) е една од најголемите легенди на Илинденското востание. Овој драгоцен Дневник, во доста оштетена состојба бил со голема љубов чуван од своите соборци, кои азил нашле во Бугарија и кои го предавале на помладите патриоти. Покрај потресните и веродостојни сведоштва, чудесните описи за движењето и борбите на неговата чета, особено заземањето на Невеска и Клисура, во овој Дневник откриваме и еден голем литературен талент, особено во оние фрагменти каде што пишува на костурски дијалект, што претставуваат и вистинска антиципација на модерната македонска проза, особено на т.н. "егејска тематика".
Оценки
Сѐ уште нема оценки.