Доаѓаат ангелите на рамнодушноста
Автор:
Павле Горановиќ
Издавач:
Блесок |
Јазик:
Македонски |
Година:
2009
Оригинален наслов:
Доаѓаат ангелите на рамнодушноста |
Бр. на страни:
120 |
Димензии:
120x170
|
Корица:
/
Избрана поезија од Павле Горановиќ. Авторски избор. Поезијата на П. Горановиќ е сведоштво за една богата ерудиција, но и за длабока чувственост. Поетот се соочува со себе бескомпромисно, испитувачки, жестоко, а потоа својата нова слика му ја сопоставува на светот, за и него да го испита, со истата силина и жар. Горановиќ има смелост да си поигра со востановените цивилизациски симболи и низ својот поетски ракопис да им даде ново, свежо значење. Понатаму, тој врши дополнително преобновување на сопствените стихови, палимпсестно ги вметнува „загубените ракописи“ во „нови песни“. Деконструктивизмот и постмодернизмот во оваа поезија одат рака под рака. Неговиот стих е богат и набиен со метафора; повремените излети во прозаичното дополнително ја подвлекуваат оваа карактеристика. И. Исаковски
Оценки
Сѐ уште нема оценки.