Дом Касмуро
Иако релативно неодамна откриен надвор од границите на Бразил, Хозе Марија
Мачадо де Асис важи за еден од најголемите светски автори од XIX век, и тоа
токму поради оние нешта што првично влијаеле негативно на неговиот статус:
предвеснички модерен и смело експериментален придонес кон наративната
форма и техника.
Делата на Мачадо де Асис се препознатливи по своето песимистичко гледиште
на човековата природа и софистицираните психолошки согледувања. Урбан,
космополитски, резервиран и циничен, Мачадо ги игнорира општествените
прашања, како бразилската независност и укинувањето на ропството, и се
концентрира на сликање на внатрешни портрети на ликови фатени во грч со
животот. Таков е случајот и со „Дом Касмуро“, фиктивен црнохуморен мемоар
на еден љубоморен маж и недоверлив раскажувач, чиј лежерен и шегобиен тон
е сопоставен на трагиката на неговата судбина. Веќе остарен и сам, Бенто
Сантијаго го пишува својот magnum opus „Историја на предградијата“ – роман
во романот – чија цел со секоја измината страница станува сè понејасна и
понепровидна: да се убеди уште еднаш дека неговата длабока огорченост е
последица на фактот што неговата жена беспричински го изневерила со
неговиот најдобар другар или да се соочи со болната можност дека сè уште
постои веројатност да згрешил – на повеќе од еден начин – во својот некогашен
сомнеж?
Еден од најдобрите – ако не и најдобриот – роман напишан на португалски јазик,
„Дом Касмуро“ е едно од големите непризнаени класични дела на преминот на
векот, постојано толкуван и ретолкуван предмет на книжевно-критичките
студии во Португалија и Бразил, а сè повеќе и на оние со потекло од САД и
Западна Европа
Оценки
Сѐ уште нема оценки.