Едно

Издавач: Ѓурѓа | Јазик: Македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 191 | Димензии: 20 см | Корица: мека

„Едно“ е научно-популарна и уметничка книга во која се разгледуваат повеќе феномени од природата и музиката. Иако во нејзиниот тек постојано се јавува и истражува феноменот музика, текстот е претежно научна нарација за сите оние прашања коишто ние како деца сме имале смелост да си ги поставуваме. Научниот метод и методолошкиот редукционизам се едни од главните алатки преку коишто се донесуваат заклучоците во текстот и кои постепено ја даваат постулацијата на главниот наслов. Ваквите пристапи ни го изложуваат светот во едно поинакво светло и ни го реоткрива значењето и скапоценоста на нашето постоење. Оттаму и насловот на книгата.

 

Според авторот, науката и музиката претставуваат начин на размислување којшто ја разоткрива и дискредитира лажноста и шупливоста на многу митови, идеи и верувања, ја поттикнуваат љубопитноста, инспирираат и не мотивираат храбро и бестрашно да чекориме кон непознатото. Кон самиот крај, авторот изложува претпоставка која вели дека за време на достигнување на определени технолошки придобивки, музиката целокупно ќе ја измени својата цел и примена, па дури и сосем веројатно ќе исчезне. Но не поради недостиг на музички идеи, туку поради склоноста и потенцијалот да создадеме далеку понапредно суштество од нас самите. Авторот потенцира дека според тековниот научен прогрес, разумно е да се претпостави дека во иднина ќе бидеме толку драстично изменети, така што тоа поскоро би бил еден сосема нов вид, навидум сличен на човекот денес. Сепак, музиката ќе остане културен артефакт, но, бесмртен артефакт кој ќе говори за она што сме биле и чувствувале некогаш. Ваквата хипотеза ќе биде детално истражена, аргументирана и изложена во наследникот на „Едно“.

 

Цена: 300 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач КупиКнига

Report an abuse for product Едно

Категорија:
ИСБН: 978-608-201-384-8

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Едно”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in