Електрични кола
Деветтото издание на Електрични кола претставува планирана ревизија дизајнирана за зголемено подобрување на оваа воведна книга за кола која се употребува од повеќе од 700000 студенти низ цел свет во изминатите 28 години. Иако оваа книга еволуираше низ годините за да го задоволи изменетиот начин на учење на студентите, основните цели на книгата останаа неизменети. Тие цели се:
• Да изградиме разбирање на концептите и идеите експлицитно преку претходно наученото. Студентите се цело време предизвикани од потребата да поставуваат нови концепти врз претходните со кои можеби сè уште се борат. Во оваа книга се фокусираме на тоа да им помогнеме на студентите да разберат како новите концепти се поврзани и како се потпираат на претходно претставените концепти.
• Да го потенцираме односот помеѓу концепциското сфаќање и пристапите за решавање на проблемите. Развојот на вештините за решавање проблем продолжува да претставува централен предизвик во курсот за кола од прва година. Во оваа книга вклучуваме бројни примери кои претставуваат техники за решавање проблеми, проследени со оценувани прашања кои им овозможуваат на студентите да го проверат нивното владеење со воведениот материјал и техниките. Процесот за решавање проблеми кој го прикажуваме е заснован на концепти, а не на употреба на механички процедури. Така ги охрабруваме студентите да размислуваат за проблемот пред да се обидат да го решат.
• Да им обезбедиме на студентите јака основа за инженерската пракса. Во курсот за кола од прва година има ограничени можности за запознавање на студентите со реалните инженерски искуства.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.