Енергетски системи и одржливост
Како можеме да обезбедиме чисти, сигурни и одржливи енергетски резерви за светот, и покрај зголемениот број население и зголемениот економски развој? Денес енергијата и одржливоста се прашања од примарна важност, кои го формираат фокусот на оваа книга и дополнителното издание, Обновлива енергија (Renewable Energy).
Интердисциплинарна со својот пристап и глобална со своите погледи, оваа книга обезбедува современо истражување на економските, општествените, еколошките и политичките прашања поставени од моменталните системи на употреба на енергијата, како и опишување на нивните главни физички и инженерски карактеристики. Анализирани се историската еволуција на енергетските
системи во светот, главните принципи за нивна употреба и нивниот сегашен статус, како и идни изгледи, додека во исто време се нагласува важното прашање за одржливоста.
- Единствениот текст за студенти што нуди свеж, современ поглед кон енергијата и одржливоста.
- Вклучува опширно покривање на фосилни горива и нуклеарна енергија, но во контекст на зголемена употреба на обновлива енергија.
- Рамките во текстот претставуваат објаснувања за технологиите, основната физика и понапредни наслови.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.