Дарување смрт

Издавач: Артконект | Јазик: Македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: Donner la mort / Jacques Derrida | Бр. на страни: 200 | Димензии: 15×23 cm | Корица: мека

Книгата Дарување смрт се вбројува во доцниот опус на Жак Дерида (комплетното издание е објавено во 1999 година), но нуди јасен увид во суштината на деконструкцијата и во методолошкиот апарат на веројатно највлијателниот филозоф од втората половина на XX век.

Дерида расправа за проблемот на одговорноста, тргнувајќи од анализа на библиската приказна за жртвувањето на Исак.

Прашањето на одговорноста се разгледува во етички, политички, психолошки, религиски и естетски контекст, и се доведува во врска со концепциите на Кјеркегор, Хајдегер, Паточка и Левинас.

Во вториот дел, користејќи ја истата приказна за Авраам и Исак, Дерида се обидува да даде одговор на прашањето „Што е литературата и каква е нејзината природа?“, анализирајќи го притоа делото на Франц Кафка и Херман Мелвил.

Дарување смрт ја демонстрира широчината и сеопфатноста на аналитичкиот пристап на Жак Дерида. Тука религиските прашања се поврзани со проблемите на филозофијата на историјата, со книжевна теорија и со политички размисли за прашањето на одговорноста во современиот европски контекст. Особено импресивна е анализата на тројниот однос помеѓу Бог, Авраам и Исак во моментот кога, според библиската приказна, таткото треба да го жртвува својот син. Со своето читање на библискиот текст, Дерида практично покажува како, всушност, функционира методот на деконструкцијата и во што се состои неговата суштина.

Цена: 400 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Артконект

Report an abuse for product Дарување смрт

Категории: , ,
ИСБН: 978-608-4852-07-0

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Дарување смрт”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in