Ентериери: Вовед

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2011
Оригинален наслов: Interiors: An Introduction | Бр. на страни: 528 | Димензии: 210x256 | Корица: /

Со отворањето на првата страница ја исцртувате појдовната точка во областа на дизајнот на ентериери. Без оглед на тоа дали вашата цел е да станете професионален инженер за ентериери или едноставно подобро да го разберете вашиот простор за живеење, тука ќе најдете информации и идеи што ќе ви помогнат да ја оставарите целта.
Ентериери има три цели:

  1. Да се предочи самата философија на дизајнот и да се поттикне почитувањето на истиот, во историски и во модерен контекст, одејќи во чекор со модерната технологија,
  2. Да се применуваат безвременските основни дизајнерски принципи и елементи за ентериерите,
  3. Да се зголеми свесноста за широката разновидност на тлоцрти, материјали, мебел и стилови што може да се употребат при дизајнирањето на ентериерите.

Карла Ј.Нилсон и Дејвид А.Тејлор се професори на Универзитетот „Бригам Јанг“. Тие се погрижија во ова издание да го зголемат фокусот врз скромниот начин на живеење и со тоа да го направат внатрешното уредување достапно за секого. Книгата изобилува со колорни и црно-бели илустрации на разновидни ентериери од простори што се со разумна големина, а не со илустрации на простории од некоја палата. Со тоа се буди една нова страст во дизајнот на ентериери – страст за создавање рационални простори што ќе бидат свежи и инспиративни.
Оваа студија е само почеток на истражувањето за дизајнот на ентериерите. Авторите се посветени на тоа истражување и со нетрпение ги очекуваме нивните нови изданија.

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 2500 ден

50 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Ентериери: Вовед

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-218-2

1 оценка за Ентериери: Вовед

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in