Епидемиологија на животната средина: Принципи и методи

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2010
Оригинален наслов: Environmental Epidemiology: Principles and Methods | Бр. на страни: 483 | Димензии: 148x236 | Корица: /

Епидемиологијата на животната средина игра важна улога во јавното здравство, обезбедувајќи научен пристап кон разбирањето и опишувањето на врската меѓу човечкото здравје и физичките, хемиските, биолошките и психосоцијалните фактори од животната средина. Тоа се информации што се од витално значење за јавното здравство, во поглед на поуспешно планирање, креирање политика и превентивна стратегија.
Оваа книга нуди актуелен и детален вовед во основните концепти што се користат на терен. Со нагласување на истражувачките методи, овој текст продуцира алатки за самото истражување на амбиентално поврзаните јавни здравствени проблеми. Алатките може да ги користат како студентите така и специјализантите при нивното практицирање.
Авторот на книгата, Реј М. Мерил е професор по биостатистика на Универзитетот „Биргам Јанг“. Уште од самото доаѓање на Универзитетот во 1998 година, тој отпочнува со предавања на
Kатедрата за здравствени науки. Претходно, во 1995 година станува член на Колегиумот за превенција од рак на Националниот институт за рак, каде што има работено со врвни имиња во областа на истражувањето на епидемиологијата на ракот. Автор е на повеќе од 150 професионални публикации во разни журнали за епидемиологија и за јавно здравство.
За разлика од другите текстови на оваа тема, во ова издание се презентира епидемиологијата на животната средина во контекст на глобалното затоплување, исцрпувањето на стратосферскиот озон и на обесшумувањето. Секако дека се покриени и традиционалните теми како што се зрачењето и загадувањето на воздухот, водата и на почвата.
Првите осум поглавја ги обработуваат основните концепти и истражувачки методи што се користат во епидемилогијата на животната средина. Останатите поглавја се фокусирани на примената на епидемилогијата за специфични фактори од животната средина што се директно поврзани со здравјето.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
medicina@arslamina.com.

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 1990 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Епидемиологија на животната средина: Принципи и методи

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-116-1

1 оценка за Епидемиологија на животната средина: Принципи и методи

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in