Ерата на маркетингот: Од професионална практика до глобално обезбедување

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2011
Оригинален наслов: The marketing era: From professional practice to global provisioning | Бр. на страни: 296 | Димензии: 155x235 | Корица: /

Во овој текст е разгледан еден витален момент од капитализмот кој досега не беше признат во смисла на неговиот придонес кон корпоративната експанзија и кон комерцијализацијата - тој момент е маркетингот за потрошувачите. Во оваа книга се елаборирани организациските принципи и културолошката логика на маркетингот. Практицирањето на маркетингот, не само што помага во трансформацијата на микроопкружувањата во кои се одвива дистрибуцијата, продавањето и потрошувачката туку го оркестрира и самото производство и пуштањето во промет на производите за широка потрошувачка, на еден стандардизиран начин во речиси сите индустрии.
Наместо како едноставната размена, односно продажба, авторот го анализира маркетингот како еден систем за обезбедување. Со поимот систем на обезбедување се означува проектот за соработка меѓу произведувачите и потрошувачите, со цел задоволување на потребите. Кога производот или услугата се продаваат сами, бидејќи се „вклопуваат“, се случува нешто повеќе од обична продажба. Тоа е моментот кога и маркетарот и клиентот истовремено доживуваат откривање и задоволување на желбите. На тој начин пазарот станува локација за автоматско и за природно исполнување на човековите барања, истовремено предизвикувајќи исчезнување на наметливото и потенцијално неетичко посредништво на маркетарот.
Авторот Калман Аплбаум, доцент по антропологија при Универзитетот во Висконсин, тврди дека на маркетингот може да се гледа како на посебен збир од културни навики што испливуваат на површината како последица од богатството на западното општество, а не како одговор на повикот од инхерентните човечки потреби и желби. За да се разберат глобализацијата, меѓународните корпорации и ширењето на потрошувачката култура, пред сè мора да се разбере логиката на маркетингот.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
ekonomija@arslamina.com.

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 1500 ден

50 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Ерата на маркетингот: Од професионална практика до глобално обезбедување

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-176-5

1 оценка за Ерата на маркетингот: Од професионална практика до глобално обезбедување

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in