Естетика на стрипот
Автор:
Бошко Караџов
Издавач:
Стрип Квадрат |
Јазик:
Македонски |
Година:
2022
Оригинален наслов:
Естетика на стрипот |
Бр. на страни:
150 |
Димензии:
25
|
Корица:
мека
ЕСТЕТИКА НА СТРИПОТ е збирка на огледи од областа на филозофијата, историјата и социологијата на стрипот. Книгата е поделена на три целини. Во првиот дел со наслов Онтологија на деветтата уметност се говори за суштината на стрипот, за одделната естетичката природа на графичкиот роман и за обрасците на создавањето дигитални (с)ликовни раскази во рамките на концептот за бесконечното платно (infinite canvas). Во вториот дел со наслов Историја на стрипот е претставена повеста на (с)ликовното приповедање од праисториските почетоци во пештерското сликарство, па преку средновековните графички раскази, па се до воспоставувањето на модерниот стрип-формат во 19 век. И во завршното поглавје, со наслов Идеологија и стрип-култура се говори за анти-стрипската книга Seduction of the Innocent, за појавата на underground стрип-сцената, како и за македонските стрипови од едицијата Никогаш роб и нивното идеолошко влијание.
Д-Р БОШКО КАРАЏОВ е филозоф, есеист, теоретичар на културата и научен истражувач во полето на графичката литература и интермедијалните уметности. Автор е на три книги, Парадоксите на индуктивната логика (2020), Compendium philosophiae (2021) и Логичка анализа на научното познание (2021), како и на над 50-ина научни текстови од областа филозофијата на уметноста, политичката филозофија, методологијата и епистемологијата на научното истражување и др. објавени во меѓународни, домашни и стручни научни списанија и зборници. Повеќе од 15 г. работи како професор по филозофија на Европскиот универзитет, на Институтот „Евро-Балкан“ и во Велешката гимназија. А во делот на неформалното образование работи и како предавач за политичка филозофија, општествено ангажирана уметност и стрип-култура во рамките на повеќе интернационални образовни програми, академии и школи.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.