Естетика на стрипот

Publisher: Стрип Квадрат | Language: Македонски | Year: 2022
Original title: Естетика на стрипот | Num. of pages: 150 | Dimensions: 25 | Cover: мека

ЕСТЕТИКА НА СТРИПОТ е збир­ка на огледи од областа на фи­ло­зо­фи­ја­та, ис­то­ри­ја­та и со­цио­ло­ги­ја­та на стрипот. Книгата е по­де­ле­на на три целини. Во први­­от дел со нас­лов Он­то­ло­ги­ја на де­вет­та­та умет­ност се го­­во­­ри за суш­­ти­­на­­та на стрип­от, за од­делната естетичката при­ро­да на графичкиот роман и за об­рас­ците на создавањето дигитални (с)ли­ков­ни рас­ка­зи во рам­ки­те на кон­­цеп­тот за бес­ко­неч­но­то плат­но (infinite canvas). Во вто­ри­от дел со наслов Историја на стрип­­от е претставена по­вес­та на (с)ли­ков­но­то при­по­ве­да­ње од пра­ис­то­рис­ки­те по­­че­­то­­ци во пеш­­тер­­ско­­то сли­кар­ство, па преку сред­­но­­ве­­ков­ни­те гра­­фич­ки рас­ка­зи, па се до вос­­по­­ста­вув­а­ње­то на модерниот стрип-фор­мат во 19 век. И во завршното по­г­лав­­је, со наслов Иде­оло­ги­ја и стрип-култура се говори за анти-стрипската книга Seduction of the Innocent, за појавата на underground стрип-сцената, како и за македонските стрипови од еди­ци­ја­та Никогаш роб и нивно­то идеолошко влијание.

Д-Р БОШКО КАРАЏОВ е фи­ло­зоф, есеист, теоретичар на кул­ту­ра­та и научен ис­тра­жу­вач во по­ле­то на графичката ли­­те­­ра­­ту­­ра и ин­тер­ме­ди­јал­ни­те умет­­но­с­ти. Ав­тор е на три книги, Па­ра­док­си­те на индуктивната логика (2020), Com­pen­di­um phi­lo­so­phi­ae (2021) и Ло­гич­ка анализа на на­уч­но­то поз­­­­на­­­­ние (2021), како и на над 50-ина науч­ни текстови од об­лас­та фи­­­­ло­­­­зо­­фи­ја­та на уметноста, по­ли­­тич­­ка­­та фи­­ло­­зо­­фи­­ја, ме­то­до­ло­ги­ја­­та и епи­­сте­­мо­­ло­­ги­­ја­та на на­­уч­­но­­то ис­тра­жу­ва­ње и др. об­ја­ве­ни во меѓународни, до­маш­ни и стручни научни спи­са­ни­ја и збор­ни­ци. Повеќе од 15 г. работи како професор по фи­ло­зо­фи­ја на Европскиот уни­вер­зи­тет, на Институтот „Евро-Бал­кан“ и во Велешката гимназија. А во делот на неформалното об­ра­зо­ва­ние ра­бо­ти и како предавач за по­ли­ти­чка филозофија, општествено ан­­га­­жи­­ра­­на уметност и стрип-кул­­ту­­ра во рамките на повеќе ин­­тер­­на­­цио­­нал­­ни об­ра­зов­ни про­гра­ми, ака­де­мии и школи.

Price: 600 ден

19 in stock

Compare
Sold By Стрип Квадрат

Report an abuse for product Естетика на стрипот

Categories: , , , , ,
SKU: 978-608-4719-26-7

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Естетика на стрипот”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in